831
Ситуацијата на истокот на Украина ескалира, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар.
Таа на Телеграм напиша дека руските сили два дена по ред напредуваат во правец на Купјанск, дека украинските сили се во дефанзива и дека се водат тешки борби.
На правецот Бахмут, според неа, украинските војници постепено напредуваат, особено на јужното крило, додека на северното се обидуваат да ги задржат своите позиции, а руските трупи напаѓаат.