Заменик-народен правобранител: Граѓаните чекаат со месеци за документ од Управата за матични книги

од Nikola Popovski
302 прегледи

Граѓаните се жалат на неажурно работење во Управата за матични книги. Чекаат и со месеци за документ. Постои алатка електронско издавање и ја искористив таа алатка, но наместо 48 часа, чекав 10 дена за документ. Не ретко се издаваат изводи со погрешни податоци. Не знам дали е поради притисок или немарност. Има и други проблеми, како што се неспроведување на судски постапки, информира заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во емисијата „24 анализа“ за добиените претставки од граѓаните во однос на работата на Управата на матични книги.

Според него, се издаваат многу неквалитетни документи.