Замина и ништо не ја интересира: Хари сам се бори со своето семејство

од Elena Daskalova
345 прегледи

Денеска на вонреден итен состанок ќе се состанат кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцовите Вилијам и Хари, а целиот свет го чека исходот од оваа средба.

Како што веќе знаеме, Меган и Хари одлучија да се повлечат од кралските должности, без да го информираат семејството за тоа. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Меган замина во Канада сама, без сопругот и синот.

Со овој потег, таа го остави сопругот во незавидна ситуација, сам да мора да се справува со притисокот на јавноста и со своето семејство. Таа не го посетила ниту болниот принц Филип, кој е во тешка здравствена ссотојба.

Оваа ситуација бара размислување со ладна глава, обемна анализа, разговори, состаноци и барање компромиси, што ѝ создава многу проблеми на кралицата, но општо и на целото семејство.

Според пријателите на кралското семејство, Меган сака по секоја цена да се одвои од кралското семејство, а наводно, на Хари тоа многу тешко му паѓа, особено затоа што знае колкава болка им нанесува на своите најблиски. Според британските таблоиди, додека биле во врска немало никакви индикации дека нешто не е во ред, но проблемите на Хари започнале веднаш по стапувањето во брак со Меган.

Слични содржини