Специјаната јавна обвинителка, Катица Јанева, потврди дека е замрзнат имотот на синовите на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Судот одлучил да го прифати нивното барање и ја потврдил одлуката, но сепак Катица Јанева не прецизираше детали за кој случај и во која постапка е побарано истото.
Пред Нова Година СЈО ја објави истрагата под името – Друмарина, во која Силвана Бонева земала патни трошоци со лажни фискални сметки.