Замрзната краставица против оток на лицето: Дали навистина делува? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Иако со децении се користи во рутината за убавина, ТикТокерите пронајдоа нов начин како да ја користат краставицата за да елиминираат еден од најчестите проблеми со убавината – надуеноста.

Имено, на ТикТок се појави тренд кој наводно помага да се елиминира подуеноста на лицето. Една корисничка ги исече краевите на свежата краставица и ја стави во замрзнувач 30 минути. Потоа со неа го масираат лицето неколку минути. На овој начин, велат многумина кои пробале, се отстранува надуеноста, иритацијата на кожата и црвенилото.

Но, дали е ова навистина ефикасно?

@elenaduquebeauty you’re doing it wrong! 😆🥒! #fyp #frozencucumberhack #undereyebags #skincare #UltaSkinTok ♬ I Can Feel It v3 – Nick Sena and Danny Echevarria

Покрај тоа што е полна со вода и речиси веднаш ја смирува кожата на лицето, краставицата содржи и антиинфламаторни својства кои се борат против иритацијата.

Нејзините ензими ги ублажуваат воспалителните процеси и болките, како и изгорениците. Од сето погоре, експертите овојпат се согласуваат со трендот на TikTok.
Пред да ја нанесете замрзнатата краставица исчистете го лицето, па дури потоа третирајте го.

Слично делуваат на лицето гелот од алое вера, во случаи кога свежа краставица не ни е достапна.

Слични содржини