Замрзнатите руски имоти ќе бидат вратени кога Москва ќе плати воена оштета

од Nikola Popovski
119 прегледи

На состанокот во Јапонија, претставниците на земјите од Г7 ги претставија условите за враќање на замрзнатиот руски имот, поточно завршување на војната во Украина и исплата на воена отштета од страна на Москва.

-Руските средства замрзнати од земјите од Г7 ќе останат во таа состојба додека не заврши војната во Украина и Русија не плати репарации, се вели во соопштението на Г7.

Секое решение на конфликтот во Украина мора да гарантира дека Русија ќе ја плати штетата што ја предизвика“, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на Г7.

Министрите од Г7 најавија и дека ќе ги зајакнат економските санкции против Русија и ќе ги казнат „третите страни“ кои се обидуваат да ги „избегнат и поткопаат“ казнените мерки.

САД и нивните сојузници замрзнаа околу 300 милијарди руски девизни резерви, како и средства на лица кои се сметаат за олигарси блиски до руските власти, потсетува „RT“.

Киев и Вашингтон сакаат замрзнатите руски имоти да се инвестираат во повоената реконструкција на Украина, но многу западни земји рекоа дека запленувањето на парите ќе ги прекрши нивните закони.

Слични содржини