“Замрзнување” на цената на нафтата до октомври по потпишувањето на договорот во Доха

од desk3
100 прегледи

Министерот за енергетика на Азербејџан Натиг Алијев изјави дека нацрт договорот на земјите-производители на нафта е подготвен и се планира да биде потпишан на 17 април. Во согласност со прифатените решенија, ископувањето на нафта до октомври оваа година ќе биде замрзнато на нивото од јануари 2016 година. “Работната верзија на договорот не е голема. Таа го вели целина следново: земјите, кои се собраа во Доха, стигнале до заклучок дека за воведување на ред во цените на нафтата тие се согласиле да се одржи производството до октомври на нивоата од јануари 2016 година “, рече Алијев.

nafta2

Министерот истакна дека Азербејџан е подготвен да го потпише договорот со другите земји-производители во Доха дури и во видот на нацртот. “Сметаме дека сите делегации, кои ќе пристигнат во Доха, се подготвени да го потпишат, инаку зошто би доаѓале”, додаде министерот.

Претходно министерот за одбрана и заменик-крунисан принц на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман уште еднаш повтори дека замрзнувањето напроизводтсвото ќе зависи од согласноста на сите земји-извознички.

На 17 април во Доха ќе се одржи средба на извозници на нафта, посветена на можноста за замрзнување на обемот на производство на нафта. Низа медиуми објавија дека Ријад е склон да го замрзне производството на нивото од јануари 2016 година, но кралството ја поби оваа информација. Ријад истакнуваше дека за замрзнување на производтсвото потребна е согласност на сите водечки земји-извознички, вклучувајќи и на Иран, кој одбива да дискутира за прашањето.

Салман додаде дека неговата земја не се плаши од состојбата на цените на нафтата, бидејќи програмите за економски развој на монархијата не зависат од високите цени на енергетските носители, соопштува Bloomberg.