Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, практично призна дека клубот засега нема да потпише со Пауло Дибала. Тој изјави дека „нероазурите“ имаат премногу напаѓачи во својот состав и нема слободно место за 28-годишниот Аргентинец.
„Како што веќе кажа извршниот директор Марота, Дибала е опција за нас бидејќи тој е слободен агент. Сепак, во моментов во Интер ги имаме Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку, Един Џеко, Хоакин Кореа и Алексис Санчез. Почнавме да тренираме со овие фудбалери во нападот, но работите може да се променат. Засега, сепак, ние сме добро со овој состав“, рече Занети.
Така, иднината на Дибала останува нејасна. Интерес за него има и од Рома и Наполи, но се чини дека не можат да му ја понудат бараната плата од 6 милиони евра по сезона.
Се зборува дека и Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата со 28-годишниот Аргентинец, но засега нема понуда од „Олд Трафорд“.