Заостанат неандерталски ген виновен за коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

На порталот bioRxiv објавена е студија за поврзаност помеѓу ДНК и видови на новиот коронавирус, која предизвикува потешка форма на КОВИД-19. Студијата сè уште чека објавување во реномирано научно списание, но сосема е сигурно дека ќе биде добредојдена затоа што е потпишана од веројатно најпочитуваниот светски антрополог Сванте Паабо, директор на Институтот „Макс Планк“ за еволутивна антропологија во Лајпциг, заедно со неговиот колега Ханс Зеберг од Институтот Каролинска во Шведска.


Така, студијата докажува дека генетскиот ризик фактор за тешка форма на КОВИД-19 е наследен од неандерталците. Овие шест гени, лоцирани во хромозомот 3, им се пренесени на луѓето од неандерталците пред 60.000 години.

Неодговорени прашања

„Њујорк Тајмс“ пишува на темата, а освен тоа што новиот коронавирус САРС-КоВ-2 и болеста КОВИД-19 предизвикана од него се присутни и кај нас, уште поинтересно е што доказите за поврзаноста на клучен дел од геномот се пронајдени во остатоците од праисторискиот човек. Сепак, оваа студија не фрла светло зошто овој дел од нашиот геном има потенцијал да предизвика сериозен КОВИД-19. Но, шест гени не ги носат сите луѓе, тоj најчесто ќе се најде во Бангладеш каде го имаат 63 проценти од луѓето, во цела Југоисточна Азија го наследиле скоро една третина од луѓето. Интересно е што истиот сегмент ќе го има само во осум проценти од Европејците, само четири проценти од жителите на Источна Азија и тој е скоро непостоечки во Африка.

Ниту тука, научниците немаат одговор за тоа како се случило ваква распределба на делот од геномот што се покажа опасен, кога станува збор за KОВИД-19. Но, врската, се чини, постои. Минатиот месец во Италија и Шпанија беа споредени пациенти со поблага и потешка форма на КОВИД-19, откриени се два случаи во геномот кои ги поврзуваат оние со потешката форма – едниот е хромозом 9, кој го вклучува генот АБО кој ја одредува крвната група, а другиот е неандерталакиот сегмент во хромозомот 3. Како што е вообичаено за случаи, кои науката сè уште интензивно ги проучува, не е сосема сигурно дека оваа теза е точна, барем кога станува збор за генот АБО.

Но, оваа нова студија го засилува тврдењето дека оние со копија на неандерталскиот ген, особено оние со две копии, се изложени на поголем ризик од потешка форма на КОВИД-19 од оние што го немаат. Д-р Зеберг трагаше по хромозомот 3 во Интернет-базата на неандерталски геноми и откри дека верзијата со која се зголемува шансата за зараза со потешката форма на КОВИД-19 е иста како онаа што се наоѓа во неандерталците кои живееле пред 50 000 години во – Хрватска. Особено, оние што живееле во Виндија.

Од групата на неандерталците како што живееле таму, повеќето ДНК му пренеле на современиот човек, вклучувајќи ги и гените кои стануваат опасни во контекст на КОВИД-19. Д-р Паабо верува дека е сосема можно овој геном да биде делумно одговорен зошто голем процент од луѓето од Бангладеш, кои живеат во Велика Британија, умираат од КОВИД-19.

Истражување во Велика Британија

Одговорот на прашањето зошто овој ген е толку опасен може да се бара долго време. Но, како што вели д-р. Зеберг, неговото 60 000-годишно патување низ нашите видови може да го скрие одговорот на прашањето зошто тој е толку опасен денес.

Во средината на минатиот месец, беше објавена студија според која луѓето со јужноазиско потекло имаат поголема веројатност да умрат во Велика Британија од КОВИД-19. Таа студија покажува дека меѓу загинатите меѓу 6 февруари и 8 мај има 20 проценти повеќе луѓе со јужноазиско потекло од самите Британци. Студијата не покажа дека припадниците на другите раси се во поголема опасност од Азијците. Тогаш се тврдеше дека причината е поголема зачестеност на дијабетес, но дали причината се сепак гените пронајдени кај неандерталците?

Слични содржини