Полска објави дека е подготвена за војна, Вашингтон испраќа 3.500 војници, 250 борбени и оклопни возила и артилерија.

Оваа недела американската армија испраќа тенкови во држави до границата со Русија. Тоа изгледа како најголемо распоредување на оклопна техника во Источна Европа од крајот на Студената војна, пишува весникот “Волстрит џурнал”, цитиран од агенциите.
По заедничките американско-полски вежби во Северна Полска, кои започнаа вчера, некои од главните тенкови M1A2 Abrams, кои се користат во вежбите, ќе бидат префрлени во балтичките држави Латвија, Естонија и Литванија, каде што тие ќе останат се додека НАТО не ги активира “силите за воздржување “напролет, појаснува весникот.
Весникот пишува уште, повикувајќи се на Адам Томсон, шеф на European Leadership Network и поранешен амбасадор на Велика Британија во НАТО дека распоредувањето на американски војници и оклопната техника во Европа “покажува дека сојузниците ја извршуваат својата одлука да се создадат мали сили за подобар детекција на секоја руска акција во Балтикот и да и се покаже на Москва дека големите сили во алијансата стојат зад источните сојузници “.
ZDF излегува со наслов: Полска е подготвена за војна со Русија, но дополнува со благослов Бог за Трамп. Во информацијата се посочува дека полски и американски војници одржуваат во во Жагани заеднички маневри, што е настан од есенцијално значење за Варшава, бидејќи полските власти ги сметаат САД за свој бранител од Русија. Не случајно министерот за одбрана на Полска се појави во маскирна униформа и вели: “Сакаш мир, подготвуваје се за војна. Полска е подготвена! Бог да го чува претседателот на Америка Трамп!”
Овие кадри треба да станат сигнал за Москва, нивната цел е заплашување и демонстрација на сила на источниот крило на НАТО.
“Волстрит џурнал” потсетува дека во Полска пристигна Трета бригада од Колорадо со 3.500 војници и околу 250 борбени оклопни возила, вклучувајќи артилериски системи.
Штабот им е во Полска. Тие ќе останат во Европа за период од 9 месеци, по што ќе бидат заменети.
Во овие месеци бригадата ќе биде испратена во Унгарија, Полска, Германија и Романија.
“Волстрит џурнал” пишува уште дека Американците ќе го зголемат и бројот на хеликоптерите и ќе распоредат во Европа уште 900 војници.