Претставниците на западните амбасади упатиле апел до српскиот претседател Александар Вучиќ и државниот врв да ја гарантираат безбедноста на учесниците на протестот што ќе се одржи на 15 март.
Изворите на „Нова.рс“ додаваат дека амбасадорите истакнале дека се свесни за тензиите во општеството, особено во изминатите денови и дека е важно секоја страна на мирен начин да го изрази своето мислење и политички став.
Во претходниот период највисоката власт предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ потенцираше дека на 15 март ќе има судири на улиците и дека насобраните демонстранти ќе ја нападнат полицијата и ќе се обидат насилно да го заземат српскиот парламент.
Од друга страна, ниту еден од студентските протести не беше насилен, а студентите постојано изјавуваа дека се против конфликти и апелираа до сите учесници на протестот да се однесуваат достоинствено.