Никој нема да биде измамен ако Русија го засили конфликтот во Украина под изговор дека Киев ќе употреби „валкана бомба“ на своја почва, најавија министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија и САД.
Министрите на трите земји во заедничка изјава ги оценија како лажни изјави од Москва дека Украина се подготвува да употреби валкана бомба на своја територија.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во неделата имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.
Шојгу на своите колеги им ја пренесе својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и „можната украинска употреба на „валкана“ бомба на нејзина почва со цел да ја обвини Русија за тој напад.
Украина и западните земји го гледаат ова како закана од Русија, за која постои сомневање дека може сама да ја искористи „валканата бомба“ под овој изговор. Така, тоа би ја оправдало натамошната воена тензија со употреба на одмазднички тактики со нуклеарно оружје, оценија министрите.