Запален метео-алармот во Србија: На сила црвено и портокалово предупредување

од Stefanija Kuzmanovska
497 прегледи

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија предупреди дека денеска ќе дува засилен јужен и југозападен ветер, во регионот Кошава, силен југоисточен ветер со налети на невреме, пренесе „б92“.

Најсилни налети на ветер се очекуваат на југот на Банат, во долниот дел на Дунав и на планините (локално над 100 км/ч), додека во Белград ударите ќе достигнат 60 – 70 км/ч.

Ветерот ќе слабее кон крајот на денот.

Црвениот метеоролошки аларм кој укажува на многу опасно време е на сила во Банат, а портокаловиот кој укажува на опасно време е на сила во Поморавље, источна и југозападна Србија.

Врнежи и грмежи кои денеска се очекуваат во средината на денот, попладне и во вечерните часови кратко време ќе бидат интензивни со засилен и олуен ветер.

Слични содржини