Запалени две возила во Скопје

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Утринава во 02.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул. „Костурска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.И.Е. од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(44) од Скопје.

Според полицијата, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Слични содржини