681
Автомобил „БМВ 7“ бил запален ноќеска на паркингот на ТЦ„Зебра“.

Фото: Борче Поповски
Според неофицијални информации, пожарот во возилото бил подметнат.
Сопственик на опожарениот автомобил е бизнисмен кој живее во близина и тука го паркирал „бмв-то“. Според првичните податоци на МВР, возилото било на име на градежна фирма.