Запалено возило на паркинг во Скопје

од Берта Китинска
388 прегледи

Рано утринава бил опожарен автомобил во Скопје, при што целосно е уништен предниот дел од возилото.

„На 01.06.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Ресенска“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(35) од Скопје“ соопштуваат од МВР.

Во пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Слични содржини