Запечатено! Лондон нема да организира втор референдум за Брекзит

од desk3
101 прегледи

Британскиот државен министер за европски прашања Дејвид Лидингтон ја исклучи можноста за организирање на втор референдум за Брекзит и изјави во интервју објавено во полскиот конзервативен весник “Жечпосполита” дека “при демократијата треба да се почитуваат резултатите од референдумот”, пренесе Франс прес.

Идејата за нов референдум беше покрената вчера одлидерот на полската владејачка партија “Право и правда” Јарослав Качински.

london
Во понеделникот Лидингтон учествуваше на одржаната во Варшава средба на министрите за надворешни работи и високи претставници на 10 земји од ЕУ, организирани на иницијатива на полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски.

Лидингтон истакна дека одзивот бил многу висок. Гласаа над 72 отсто од избирачите, повеќе отколку на последните парламентарни избори, посочи тој.

(ВИДЕО) Уште сте тука?- Јункер јавно ги провоцираше британските европарламентарци…

Распадот на Британија, ако Шкотска одлучи да ја напушти Велика Британија, “би било трагедија”, изјави Лидингтон. “Излегувањето на Шкотска од Велика Британија може да има тешки економски последици” и нема гаранции дека ќе се приклучи брзо кон ЕУ, додаде тој.

Шкотскиот премиер Николас Старџн се лаже, ако смета дека шкотскиот парламент има право на вето на референдумот од 23 јуни, додаде Лидингтон.

Слични содржини