Запленет еден тон кокаин во Њујорк (ВИДЕО)

од Milan1
380 прегледи

Во САД се запленети речиси еден тон кокаин испратен во Њујорк од Порторико. Ова е најголемата пратка запленета во областа во повеќе од 10 години, известуваат американските медиуми.

Специјалниот агент Реј Донован од американската Администрација за борба против наркотици (ДЕА) изјави дека во последната година е забележан пораст од 150 отсто на пратките запленети во областа.

Запленетите 920 килограми кокаин, на улица би можеле да вредат меѓу 37 и 370 милиони долари, во зависност од нивото на трговија, изјави извор запознаен со темата. Во случајот обвинети се три лица. Властите ја пронајдоа дрогата во големи метални градинарски алатки што се превезувале во изнајмено комбе. Возилото тргнало од карго пристаниште во Њу Џерси, а според документацијата, ролерите биле натоварени во Порторико и испратени на адреса во Бронкс.

Слични содржини