1,6K
Царинската управа информира дека над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари се запленети од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.
Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 нараквици.
Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.