Запленети 214 килограми режан тутун по пазарите во Скопје

од Nikola Popovski
457 прегледи

Царинската управа информира дека во денешна акција против нелегалната продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје, запленети се 214 килограми режан тутун.

-Со ова се избегнати давачки за акциза во износ од околу 440.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави за нелегално продавање на производи кои претставуваат акцизни добра. Царинската управа во текот на оваа година има спроведено 5 акции против нелегална продажба на тутун и тутунски производи кои резултирале со 7 кривични дела и 3 прекршочни постапки против сторителите. Имено, кривичните дела се однесуваат на избегнување на плаќање акциза, а прекршоците за пуштање во промет акцизни добра кои не се обележани со акцизна марка, велат од Управата.

Од институцијата додаваат дека период од 01.01.2021 до 10.12.2021 во акции по пазарите, Царинската управа вкупно има запленето 10.440 цигари и околу 1,413 кг режан тутун.

Слични содржини