Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми, поднесена кривична пријава

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Полицијата, по претходно обезбедена судска наредба, во возило пронајде 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги…

Како што информира денеска МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презеле опсежни истражни дејствија за настан од 2 октомври 2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје било пронајдено патничко моторно возило „мини“. Дрогата и оружјето се пронајдени при извршен претрес на 2 октомври 2024 околу 1 часот.

Со цел расчистување на случајот, биле повикани повеќе лица на службен разговор и биле извршени претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоело сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај.

– На 7 ноември 2024 извршен е претрес во дом на О.А. во Скопје при што е пронајдена марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода. На 08 ноември 2024 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од КЗ против О.А. кој е лишен од слобода и М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, се вели во соопштението од МВР.

Слични содржини