203
На 28.12.2022 во 14.50 часот на пазарот во нас.Драчево – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Е.(51) од Скопје. При контрола на неговата тезга биле пронајдени и одземени 1150 парчиња разновидни пиротехнички средства, соопштуваат од МВР.
„Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од министерството.