Запленети над 3000 петарди и пиротехнички средства

од Nikola Popovski
315 прегледи

МВР информира дека запленила над 300 парчиња пиротехнички средства при претрес во селото Каратманово, во општина Лозово.

-По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба за претрес, денеска (23.12.2021) е извршен претрес кај З.Р. (55) од с.Каратманово, општина Лозово во врска со недозволена трговија со пиротехнички средства, при што пронајдени се над 3000 парчиња пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Слични содржини