Денеска почна чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рече дека со оваа активност започнува елиминацијата на една еколошка жешка точка во нашата држава.
„Во план дека во рок на 12 месеци ќе се отстрани линданот.Подготвителниот процес траеше долго, но справувањето со овие жаришта бараат детални истражувања на самите депонии и изработка на оцена на ризикот, реализација на обуки за професиноално инволвираните, обезбедување на дополнителна лабораториска опрема за следење на влијанието врз животната средина во текот на процесите“, рече Нуредини.
Фирмата Полиеко, е избрана за да спроведе безбедно чистење на околу 700 тони со заштита на околината од контаминираниот воздух.Малата депонија се наоѓа до оградата на фабриката Охис и булеварот „Борис Трајковски“. Се уште не се најавува чистење на големата депонија, на која се претпоставува дека има околу 40 илјади тони канцероген линдан.