Започна имплементирањето на проектот „Скопје, ризница од културно богатство“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Концепт Плус од Скопје започна со имплементирање на проектот “Скопје, ризница од културно богатство“ чија цел основна цел изработка на видео презентација за културните објекти во градот како Ристиќевата палата, Феудалната кула, Старата железничка станица, Аквадуктот, Саат кулата и Хусеин Шаховата џамија со намера да се зачува културното богатство во дигитална форма и промоција на културното богатство и презентирација пред поголем број на луѓе и јавности. Овие објекти имаат големо историско значенине и улога за развојот на македонската култура и наследство, како и за културата воопшто.

Преку изработката на видео презентацијата голем број на посетители од целиот свет ќе можат да ги посетат овие објекти и да го почувствуваат богатството кое го има овој град и оваа земја. Видео презентациите ќе се постават на порталот www.visitskopje.mk што ќе овозможи голем број на граѓани да се запознаат и видат објектите кои си од историска важност во Македонија, а кои досега немале можност или не ги посетиле во живо.

Железничка станица во Скопје била изградена во 1873 година, кога и бил воведен железничкиот сообраќај во Македонија. За унапредување на железничкиот сообраќај, Банската управа решила да изгради нова железничка станица во Скопје. Камен-темелите биле поставени во 1937 година, а изградбата траела 3 години. Дело е на архитектот Велимир Гавриловиќ. Располагала со капацитет од 24 воза дневно и уште 14 локални. Железничката станица била пуштена во работа во 1940 година и била најубава на Балканот во тоа време. Големиот станичен хол кој бил врска со главниот влез и излез, зафаќал простор од 1.000 метри квадратни. На првиот кат се наоѓал ресторан, а на вториот службени соби и хотел за железничките чиновници. Во крилата на зградата биле сместени канцелариите.

Феудалната кула или Беговата кула е изградена во 17 век. Таа спаѓа во посебен вид станбена архитектура која истовремено служела и како одбранбен објект. Околу кулата некошаѓ биле ниви на кои работеле селани. Нема информации кој живеел во неа но имале еден интересен систем за праќање пораки. Ги праќале по цевките. Висока 14 метри со квадратна основа. Поради одбранбениот карактер во долната зона има помал број  прозорци и посебен вид отвори за пушки. Единствено на последниот кат има благо издадени балкони од дрво, т.н. теферичи. За греење на кулата биле направени две огништа сместени во ѕидовите на првиот и вториот кат. Третиот кат се затоплувал од оџаците кои поминувале низ него. На првиот и вториот кат водат камени скали кои се споени со ѕидовите, а на третиот кат се искачува по дрвени скали. Во 20 век кулата била сопственост на семејство Кулели. Некои велат дека кулата била дом и на познатиот Зорба.

Ристиќева палата е Заштититено културно добро. Градена е 1925 година, проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Од двете страни на средишниот дел на фасадата, доминираат по еден пар статуи на Асклепион и Хигија  во античка облека  во скоро природна величина и амблем на Градското собрание во средина, кои во 1928 година се ставени на првата скопска поштенска картичка. Под статуетите е прикажана борба на две змии, со силно отворени усти и исправени една спроти друга. Целата фасада е украсена со орнаменти од билниот свет, геометриски форми, човечки ликови и фигури од животинскиот свет. Над приземјето во розети е претставен женски лик во релјеф, кој потсетува на една од горгоните, митолошки чудовишта. Над третиот кат е разбранетиот завршен дел од зградата се декорирани балконски, профилирани столпчиња, а над нив, на работ, по две саксии, што заедно даваат илузија на „балкон со саксии за цвеќе. Фигурите со иницијалите на Владислав Ристиќ, фармацевт, ги изработил декоратерот Данило Стојковиќ На покривот биле рекламите на „Филипс” а од страна знакот на фабриката за лекови „Бајер”. Сега таму е „Скопско”. Во приземјето биле работните простории и аптеката а на првиот кат живеело семејството. На вториот и на третиот кат била сместена Поштенската штедилница. .

Саат-кулата е подигната во периодот од 1566 до 1572 година. Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава. Нејзиниот долен ѕидан дел, всушност, е остаток од една од четирите кули во составот на бедемите кои го заштитувале манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“. Во палежот на градот и големиот пожар од 1689 година, кулата претрпела голема штета, но сепак останала во првобитниот облик сè до 1904 година, кога по наредба на валијата Хафиз-паша била преуредена и го добила денешниот облик. За време на земјотресот во 1963 г., на саат-кулата ѝ биле нанесени големи штети и притоа бил изгубен часовниот механизам. Новите часовници на кулата биле додадени на 26 мај 2008 година, во рамките на нејзина реконструкција. Од дното до врвот на кулата, каде што се поставени часовниците, водат 105 скали. На самиот врв од куполата може да забележите една стрела останата од престрелките во некогашните воени времиња.

Аквадуктот во скопската населба Визбегово, културно наследство од 6 век, е прогласен за споменик од особено значење со највисок степен на заштита. Се смета дека Аквадуктот датира од времето на Римското царство или Византија во времето на Јустинијан Први, од 527 – 554, па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Аквадуктот претставува едно од позначајните знаменитости и наследства на Скопје. Тој со својата должина од 385 метри е единствен во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија, покрај тој кај Бар во Црна Гора и Диоклецијановиот аквадукт кај Сплит.

Хусеин-шахова џамија сместена на самиот влез во селото Сарај има статус на заштитено недвижно културно добро на Македонија. Истата започнала да се гради во 1553 година и била завршена во 1566 година. Според натписот над влезот во џамијата, објектот завршил со градење кога Хусеин-шах веќе бил покоен. Комплексот на џамијата го сочинуваат една џамија, турбе, гробови на турски достоинственици, шадрван и други административни градби. Се знае дека во минатото постоела и медреса, која денес е срушена и не се знае нејзината точна местоположба. Во дворот на џамијата се наоѓа шестострано затворено турбе, во кое е погребан самиот ктитор на џамијата, Хусеин-шах.

Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, а е финансиски поддржан од Министерство за култура и ќе трае до 31 јули 2022 година.

 

Слични содржини