Започна имунизацијата со АстраЗенека во земјава

од Andreja Salpe
259 прегледи

Вчера започна вакцинацијата со АстраЗенека на постарите граѓани во земјава. Први ќе се вакцинираат 20.000 лица со над 77 години со хронични болести и согласно местото на живеење направена е дистрибуција на вакцините во специјалните пунктови во здравствените домови, а во помалите места се очекува да стигнат во петок.

Вакцинацијата се закажува преку системот Мој термин. Првично се пуштени 9577 термини, а досега се закажани 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст, информираат од Министерство за здравство.

„На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“ кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано. Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи. Ве охрабрувам сите кои имате можност да го преземете и пополните документот пред да дојдете на закажниот термин за вакцинација со цел да избегнеме гужва и чекање.” – изјави Министерот за здравство Венко Филипче

Тој посочи дека вакцината на АстраЗенека нема да биде наменета за лица под 60 години. Ваквата мерка ќе биде преземена по укажувањето на Агенцијата за лекови во Канада и Германија.

„Почнуваме со постарите граѓани, кај кои ваквите несакани ефекти не се случиле. Во меѓувреме ќе пратиме писмо до ЕМА, а до тогаш ќе ги примениме препораките на овие две земји. Значи овие вакцини нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Секако фокус се постарите граѓаните“, порача Филипче.

Слични содржини