Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020! Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.
Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:
* Поврат: 5,44 милиони евра
* Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или 25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје
* Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки
* Направен промет: 21,4 милијарди денари
Одлични резултати на МОЈДДВ за јули – Скенирани 21,5 милиони сметки или за 80% повеќе во однос на просекот од сите останати месеци
Со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист:
* Помагаат во сузбивањето на сивата економија
* Добиваат поврат на ДДВ
* Добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда, соопшти Министерката Нина Ангеловска на нејзиниот ФБ профил.