Премиерот Христијан Мицкоски денес во Полог го најави почетокот на изградбата на новиот автопат Тетово–Гостивар, долг 18 километри, како дел од стратешкиот Коридор 8. Во своето обраќање, тој потенцираше дека Република Македонија има потенцијал да биде клучна транспортна алка на паневропските коридори и НАТО Алијансата, поврзувајќи ги Јадранското, Јонското и Црното Море.
Мицкоски истакна дека Владата активно работи на подобрување на инфраструктурата низ целата држава, со повеќе од 1.200 градежни локации, како и дека сите општини поднеле проекти вредни речиси 16 милијарди денари. Тој им се заблагодари на општините, пратениците, амбасадорката на САД, Агелер, изведувачите и сите работници, истакнувајќи дека „денес не зборуваме за минатото, туку ја градиме иднината“.