477
Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера започна зимата во исто време.
За жителите на северната хемисфера, летото започнува во моментот кога насоката на северниот дел на Земјината оска е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на сонцето на пладне е најголема во текот на годината.
Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната хемисфера.
На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг – денес ќе трае 16 часа и 28 минути.