Започна лидерската средба: Очекување за одговорен пристап и заеднички одлуки за доброто на граѓаните и државата

од Nikola Popovski
291 прегледи

Започна лидерската средба којашто се одржува на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Собранието на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот.

Тема на средбата се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски очекува одговорен пристап од сите политички лидери и субјекти и заеднички политички одлуки, коишто се од суштинска важност за сегашноста и иднината на граѓаните, а коишто се очекување и на граѓаните на Република Северна Македонија.

Слични содржини