Започна нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Денеска во Брисел започна новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина, со одвоени средби меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со шефот на дипломатската мисија на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина започна во 9 часот со одвоени средби меѓу Борел и Лајчак, најпрво со делегацијата од Белград предводена од Александар Вучиќ.

Шефот на дипломатската мисија на ЕУ, како што тврди Танјуг, се симнал до влезот на зградата за лично да го пречека Вучиќ, што никогаш досега не се случило.

Слични содржини