Започна новото судење на поранешниот француски претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Во Париз денеска започна судењето на поранешниот француски претседател Николас Саркози за незаконско финансирање на неговата изборна кампања, две недели откако тој беше осуден за корупција во посебен случај.

Саркози (66) не се појави на суд, објави новинската агенција АФП.

Поранешниот француски претседател е обвинет дека потрошил 20 милиони евра повеќе отколку што е законски дозволено во изборната кампања за новиот мандат во 2012 година.

Уште 13 лица исто така беа обвинети за измама или помагање.

Таканаречената афера „Бигмалион“, именувана по агенцијата за комуникации вклучена во случајот, вклучува издавање лажни фактури за одржување на трошоците за кампања на Саркози под законскиот праг од 22,5 милиони евра.

Пресудата се очекува кон средината на април, но медиумите пишуваат дека судењето може да се одложи веднаш штом ќе започне затоа што му се слошило на еден бранител.

На Саркози, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, му се заканува една година затвор и парична казна од 3.750 евра.

Поранешниот претседател веќе беше осуден на почетокот на март на три години затвор, од кои две беа условени, во случај на корупција.

Слични содржини