435
Денес започна откупот на тутунот од годинашната реколта. По тој повод, отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб” од Битола и „Алијанса” од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.
Тутунарите очекуваат добра цена бидејќи велат дека тутунот е квалитетен.
Откупот официјално трае до 31 март наредната година.