Република Српска и возврати на Словенија за воведувањето санкции врз српскиот лидер Милорад Додик, забранувајќи им на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и министерката за надворешни работи Тања Фајон влез во РС.
Како што беше објавено по телефонска сесија, владата на Република Српска оцени дека забраната за влез на Додик во Словенија е воведена без јасна правна основа и дека тоа претставува директно мешање во внатрешните работи на БиХ и кршење на меѓународните конвенции.
Како одговор на овие мерки, беше одлучено да им се забрани на највисоките политички функционери на Словенија влез на територијата на тој ентитет на Босна и Херцеговина. Станува збор за Пирц Мусар и Фајон.
Тие објаснија дека на Министерството за внатрешни работи на Република Српска му е наредено да ги спречи претседателката Мусар и министерката Фајон да влезат во тој ентитет.
Словенечката влада во четврток одлучи да воведе санкции врз Додик, што вклучува и забрана за негов влез во земјата.
Овие мерки ја ставаат Словенија во ист ред со земји како Германија и Австрија, кои претходно воведоа санкции против Додик за кршење на Дејтонскиот мировен договор, додека тој е на „црната листа“ на американската администрација од 2017 година.