Започна привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Израелската војска ги активираше сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето на сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, објави „Ројтерс“.

Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција.

Утрово во 7 часот по локално време стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар.

Во часовите пред привремениот прекин на огнот, ракетните сирени се вклучија во израелските градови кои се граничат со Газа, а израелската војска извести за интензивни операции во палестинската енклава, во обид да ја унапреди својата операција против Хамас што е можно повеќе во последните часови пред паузата, објави „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини