Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Црвениот крст им ја додели дозволата за вршење на дејноста за реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги.
„Општина Карпош е првата општина во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Оваа социјална услуга има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување и тоа преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот. Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка до сега се поддржани 19 проекти во 24 општини. За давање на услуги обучени се 300 лица – негуватели, кои до сега биле долгорочно невработени лица и корисници на Гарантирана минимална помош, а со услугите ќе бидат опфатени околу 900 корисници“,рече министерката Шахпаска.