Започна пролетната акција за засадување на 200 ореви, во сите населби низ општина Карпош. Комуналните служби садат во близина на Кејот на Вардар, во Карпош 4 (долж улица „Желево“), Козле (кај „Јуриј Гагарин“), на плоштадот „Делфина“ во Влае 2 и на улицата „Женевска“ во Тафталиџе 2.
– Можам да најавам дека оваа година ќе засадиме и 150 други, висококвалитетни дрвја. Исто така, планираме и подигнување на 4 нови маалски паркови, со тревни површини, украсни растенија и системи за наводнување, рече градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.
Богоев нагласи дека намаленото аерозагадување, треба да нѐ мотивира сите, уште повеќе да вложуваме во зелени површини, еко – системи на греење, субвенции за велосипеди, обновливи извори на енергија, во планска урбанизација и дисперзирање на градбата кон периферијата.