Во седиштето на НАТО започна церемонијата на потпишување на протоколот за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата, со што започнува формалниот процес на ратификација.

Амбасадорите на НАТО го потпишаа протоколот за пристапување на Финска и Шведска, во присуство на шефовите на дипломатиите на двете земји, Пеке Хависта и Ан Линде.

„Ова е историски момент за Финска, Шведска и НАТО. Со 32 земји ќе бидеме посилни, а нашите граѓани побезбедни пред најголемата безбедносна криза во последните неколку децении“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Слични содржини