Започна Самитот Отворен Балкан: Лидерите потпишуваат важен документ во областа на безбедноста на храната

од Vladimir Zorba
123 прегледи

На Самитот во рамките на иницијативата Отворен Балкан денеска во Палатата Србија ќе биде потпишан договор со кој ќе се регулира соработката во областа на безбедноста на храната.

Двата најважни дела од тој документ ќе се однесуваат на гаранциите дека Србија, Северна Македонија и Албанија ќе имаат приоритет во меѓусебната размена на основните прехранбени производи, така што населението во тие земји ќе има доволно храна во кризни ситуации, како и механизми да се спречи повторен извоз на храна на трети пазари.

Со самитот ќе претседаваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски.

На средбата ќе присуствуваат и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Да потсетиме, вчера беше отворен четиридневниот Саем на вино, кој претставува прво конкретизирање на иницијативата Отворен Балкан.

Слични содржини