Започна самитот во Брисел, Шарл Мишел верува во соработката на ЕУ и ОН

од Stefanija Kuzmanovska
122 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на отворањето на самитот на ЕУ рече дека ЕУ и ОН имаат многу заедничко, дека верува во соработка и дека во оваа прилика сака да се осврне на некои од предизвиците со кои светот моментално се соочува.

Мишел објасни како ЕУ ја поддржува Повелбата на Обединетите нации и му посака добредојде на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој исто така е присутен на самитот.

„Сакаме заеднички да ги решиме прашањата за климатските промени и ја поздравуваме личната посветеност на Гутереш, можете да сметате на помошта на ЕУ за создавање на нова ‘алатка за развој’“, рече Мишел, додавајќи дека, меѓу другото, тие ќе разговараат за војната во Украина, за која вели дека му донела многу страдања на народот на Украина, неизвесноста во светот и во врска со Црноморскиот договор за извоз на жито.

Слични содржини