Започна случајот против Рајан Гигс

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Поранешната ѕвезда на Јунајтед, Рајан Гигс, кој е обвинет за напад на својата партнерка, започна судски процес пред судот во Манчестер. Тој негира дека сторил нешто лошо, но тоа сепак доведе до негова оставка како селектор на репрезентацијата на Велс. Гигс (48) се изјасни за невин по обвиненијата, но може да се соочи со казна затвор до пет години доколку биде осуден.

Случајот го суди поротата со која претседава Хилари Менли и се очекува да заврши во рок од 10 дена. Гигс, кој освои две Лига на шампиони со Манчестер Јунајтед, е обвинет за напад на неговата поранешна партнерка Кејт Гервил за време на домашна расправија на 1 ноември 2020 година. Рајан Гигс, кој беше уапсен во својот дом, а потоа ослободен, е обвинет за насилство и врз сестрата на неговата поранешна сопруга, Ема Гервил.

На прелиминарното рочиште во април 2021 година, тој ги негираше обвиненијата и се изјасни за невин. Поранешниот фудбалер за свој адвокат го ангажираше Крис До, кој е познат по тоа што брани големи спортски имиња. Тој беше адвокат на поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, кој во 2012 година беше ослободен од британскиот суд за расно малтретирање на играчот Антон Фердинанд една година претходно на натпревар од Премиер лигата.

Рајан Гигс изјави дека е желен да го „исчисти своето име“. Гигс ја започна својата тренерска кариера на крајот на сезоната 2013-2014, преземајќи го Манчестер Јунајтед на привремена основа по отпуштањето на Дејвид Мојс. Подоцна работеше како помошник на Луј ван Гал. Тој беше назначен за селектор на Велс во јануари 2018 година, водејќи го тимот до осминафиналето на последното Европско првенство.

Случајот против Гигс започна два дена пред тој на францускиот фудбалер Бенжамин Менди, кој е обвинет за силување и агресија врз седум жени.

Слични содржини