Започна снимањето на втората сезона на „And just like that“: Сè што знаеме за продолжението

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Сара Џесика Паркер, продуцентката и главна актерка на култната серија „Сексот и градот“, на Инстаграм објави дека започнало снимањето на новата сезона на серијата „And just like that“, продолжението на оригиналната серија.

Првата сезона од серијата ги подели гледачите – додека на некои им се допадна, некои стари фанови не беа задоволни од новите ликови, заплетот, но и од фактот што ликот на Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал, не се појавува во серија.

Како и да е, од недела во недела на интернет без престан се зборува за серијата.

Пред финалето на серијата, кое се случи на 3 февруари годинава, продуцентите изјавија дека не се сигурни дали ќе има продолжение, а HBO потврди дека ова е најстримуваната оригинална серија од продукцијата досега.

Официјалните страници на серијата на социјалните мрежи, како и услугата за стриминг HBO MAX, претходно потврдија дека серијата ќе биде обновена за втора сезона.

Сара Џесика Паркер сега објави фотографија од страницата на Инстаграм на која пишува „And just like that, втора сезона, прва епизода“, што покажува дека снимањето на серијата започна.

Фановите шпекулираат дека по смртта на Биг во првата сезона, Ејден, втората љубов на Кери Бредшо, сега би можел да се врати.

Фановите со нетрпение чекаат да видат во кој правец ќе продолжи животот на Миранда, откако сфати дека е лезбејка.

Во втората сезона од серијата треба да видиме како Шарлот ќе се справи со новите проблеми во семејството.

Она што е сигурно е дека Ким Катрал, која го толкуваше ликот на Саманта, нема да се врати ниту во втората сезона.

Продуцентите на серијата претходно објавија дека „вратата ѝ е затворена засекогаш“.

Слични содржини