Започна средбата меѓу Ахмети и Заев

од Nikola Popovski
208 прегледи

Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети попладнево пристигнаа во Клубот на пратениците каде што треба да одржат средба од која се очекува конечен договор за  формирање владина коалиција.

Заев и Ахмети се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.

Како што соопштија вчера СДСМ и ДУИ, постигнат е сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада.

За време на викендот и вчера продолжиле интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна влада на Република Северна Македонија.