Започна судењето против Марјан „Доказ“

од Nikola Popovski
195 прегледи

Денеска во основниот кривичен суд Скопје започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски.

На минатото рочиште, одбраната предложи обвинението во иднина да го застапува обвинител, односно обвинителство од друг град, со оглед на тоа дека меѓу оштетените се и четворица истражители од Скопското ОЈО. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање.

Како што се пренесува, јавноста ќе биде исклучена од почетокот до крајот на главната расправа бидејќи ќе се изнесуваат детали за оштетените и сведоците и за нивните приватни животи.

Стаменковски се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите се од две новинарки и еден владика.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска.

Слични содржини