Руската стратешка авијација, заедно со Црноморската флота и Касписката флота, ги продолжија ракетните напади врз Украина, кои започнаа околу осум часот по локално време.
Првата и втората фаза од нападите беа насочени кон центрите на одлучување во Киев, електричната мрежа, административните згради, воените објекти и мостовите.
— zoranceran (@zoranceran2) October 10, 2022
Во третата фаза, ракети ги нападнаа електраните во регионот Лавов, Киев и Ивано-Франковск, кои ги снабдуваат Унгарија, Словачка и Романија со електрична енергија.
Термоелектраната во Киев беше погодена со три крстаречки ракети Н-101.
Стратешките бомбардери на Русија продолжуваат со пукањето. Голем дел од Украина остана без струја и интернет.
Руската авијација продолжува со жестоки напади.