Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во 6:33 часот е започнат процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.
-На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев,д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот, напиша Филипче на Фејсбук.
Од операционата сала беа објавени фотографии од е експлантација на срце која ја прават кардиохирурзи д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов,
-Претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти. Да се надеваме на успех и да им држиме среќа, соопшти Филипче.