Започна церемонијата на отворање на 23. Зимски олимписки игри

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Во 12 часот по македонско време започна отворањето на 23. Зимски олимписки игри, чиј домаќин е Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Официјалната церемонија започна со одбројувањето, во кое беа вклучени гледачите и спектакуларно виножито, што го осветли небото на Олимпискиот стадион.

Мир на планетата е тема на отворањето, со повеќе од 2.000 луѓе кои ќе учествуваат на церемонијата.

На 23. Зимски олимписки игри ќе учествуваат 2.925 спортисти, откако за прв пат ќе видиме спортисти од Малезија, Сингапур, Еквадор, Еритреја, Нигерија и Косово. Исто така, Северна Кореја ќе биде присутна со 22 спортисти.

Македонија оваа година оспрати тројца спортисти:

– Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)

– Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)

– Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри ќе го носи олимпиецот Ставре Јада.

Слични содржини