Министерството за здравство започна процес за теренска вакцинација кој е организиран во секој град, во месните заедници и сите населени места. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира треба да има важечки документ за идентификација.
– Ова е процес кој ќе се одвива без прекин, нема да се оди само еднаш во едно село, туку тимот ќе ротира. Согласно распоредот, вакцинацијата ќе продолжи да се одвива и на терен. На овој начин се олеснува пристапот до вакцина на буквално цела територија на нашата држава. За децата, ќе треба да се закажуваат термини. Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори, мора да се вакцинираат шест лица, па затоа треба однапред да се знае колку деца се пријавени за да не се случи да се фрлаат вакцини – вели Филипче.
Министерто напомена дека на терен се вакцинира со „Синовак“ поради лесниот начи н аплицирање.
Утрово беа заблежани гужви пред поликлиниките во Скопје поради вакцинација откако министерт за здравство информираше дека сите заинтересирани граѓани без термин ќе може да се боцнат.
На новинарското прашање за големите редици пред поликлиниките министерот Филипче рече дека гужвите се веројатно поради тоа што граѓаните сакаат во раните утрински часови да се вакцинираат, и дека засега не е пријавен ниту еден инцидент.