Младинскиот парламент денеска одржа годишна седница на која претставници на подмладоците на 24 политички партии во државава дискутираа за законот за млади и за нивните потреби и проблемите кои би требало да бидат опфатени со тој документ.

– Секој подмладок го изнесе својот усогласен став, а притоа се дискутираше и за несогласувањата и се поднесуваа предлози и забелешки кои потоа, откако ќе се преработат и вметнат во документот, ќе бидат испратени до сите релевантни институции во Република Македонија, соопшти Институтот Охрид, организатор на настанот.
– Политичките подмладоци се релевантен чинител во општеството и како такви треба да бидат вклучени и консултирани во процесите на носење одлуки и креирање политики за млади, изјави Билјана Јанева, директорка на Институтот Охрид