Бразилскиот сенат започна истрага за начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро управуваше со епидемијата на коронавирус.
Истрагата може да отвори многу прашања, вклучително и можноста да се обвини Болсонаро за кршење на законот.
Родриго Пачеко, водачот на мнозинството во Сенатот, изјави дека истрагата на конгресот за постапките на федералните власти за време на пандемијата може да се спроведе паралелно со истрагата за распределбата на федералните средства до локалните самоуправи, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Болсонаро беше критикуван за неговиот став кон пандемијата на коронавирусот, за кој првично рече дека е „мал грип“ и уште од почетокот го игнорираше советот на здравствените експерти дека треба да се носат маски и да се почитуваат мерките за заклучување.
Болсонаро ги обвини пратениците за претходните обиди да се започне истрага против него, но Врховниот суд минатата недела донесе одлука дека доволен број сенатори ја поддржуваат истрагата и дека може да биде покрената.